Во Германија дополнително се зголемува потребата за квалификувани работници во природно-технички занимања, а недостиг од работници во областа на природни науки и технологија има нов рекорд. Тоа го објави Институтот за економија од Келн.

На германските фирми во ноември им недостигале 337.900 работници во областите математика, информатика, природни науки и техника што е рекордно ниво и пораст од 6 отсто во споредба со истиот период минатата година, се нагласува во студијата на Институтот.

Експертите се согласни дека драстичниот недостиг не може да се намали само со увоз на работна сила туку и со вложувања во образовните програми.