Околу 13.000 лица денеска ќе бидат евакуирани од своите домови во Дортмунд, откако беа пронајдени неексплодирани бомби од Втората светска војна во овој германски град, соопштија локалните власти.
Властите сметаат дека бомбите врз Дортмунд ги фрлиле сојузничките сили во текот на Втората светска војна, пренесе „Дејли мејл“.
На граѓаните кои живеат на 500 метри од секоја од локациите за кои се сомненаат дека има бомба им е кажано да ги напуштат домовите уште рано утринава, бидејќи работите на ископувањата ќе почнеле во текот на денот.