Германија денеска за првпат ќе емитува 30-годишна државна обврзница со каматна стапка од нула отсто.
Продажбата на обврзницата, како што се очекува, ќе се реализира во 11,30 часот, наведува ЦНБС.
Нула каматната стапка значи дека германската Влада до август 2050 година нема да врши никакви уплати по основ на камата на оние кои ќе ја купат обврзницата.
Емисијата на долгорочната обврзница, во вредност од две милијарди евра, што беше најавена минатата недела, доаѓа во услови кога приносите на ваквите активи со фиксен приход опаднаа на рекордно ниско ниво, при што многу приноси преминуваат дури и на негативната територија, бидејќи инвеститорите инсистираат да се тргнат од пазарните превирања и да го искористат монетарното ублажување на централната банка.
Во предизвикувачкото пазарно опкружување инеститорите вообичаено своите инвестиции ги префрлаат од различни активи во сигурни зони, како што се златото и државните обврзници, со што на тој начин ги зголемуваат побарувачката и цената, пренесуваат агенциите.