Лидерите на земјите членки на ЕУ се договориле да ја номинираат сегашната германска министерка за одбрана, Урсула вон дер Лејен за претседателка на Европската Комисија.

Сегашниот шпански МНР, Јосеп Борел е номиниран за висок претставник за надворешна политика на ЕУ, поранешната француска министерка за финансии, Кристин Лагард за претседателка на Европската централна банка, додека пак Шарл Мишел, сегашниот премиер на Белгија е назначен за претседател на Европскиот Совет, напиша Доналд Туск на Твитер.