Болно е што повторно треба да се промени македонскиот Устав, но ветената измена содржински не е проблематична, изјавиле од Амбасадата на Германија за порталот Локално.
– Како што кажа и Сојузниот претседател во Собранието, С. Македонија толку долго работеше на својата европска иднина, следната година би требало да ја спроведе ветената измена на Уставот, којашто содржински впрочем не е проблематична. Сите кои ја сакаат оваа европска иднина и сакаат да избегнат понатамошни одложувања, би требало да гласаат за уставната промена, нагласиле од Германската амбасада.
Од таму додаваат дека овој чекор е од интерес на целокупната јавност.
– Разбираме дека е болно што повторно треба да се измени Уставот, но овој чекор е во интерес на граѓаните на земјата, бидејќи реформскиот процес на патот кон ЕУ не е цел за себе: реформите ќе го подобрат животот на луѓето, успешен реформски процес значи подобра правна држава, потиснување на корупцијата, поголема транспарентност во јавната администрација вклучително и при доделувањето на позициите, почиста животна средина благодарение на сукцесивно воведување на европските норми итн. – истакнуваат од Амбасадата.
Целата статија може да ја прочитате ТУКА.