Германската аналитичарка Сузана Стариков во објава на Твитер наведува дека албанскиот премиер Еди Рама ќе биде новиот генерален секретар на НАТО.
Според неа, САД инсистирале на избор на нов генерален секретар на НАТО од новите членки на Алијансата.
Според Стариков кандидати биле Рама и премиерката на Естонија Катја Калас.
– Еди Рама ќе го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО. САД инсистирале на избор на нов генерален секретар на НАТО од новите членки на Алијансата. Кандидати биле премиерка Катја Калад и премиерот Еди Рама. Кој ќе биде идниот генерален секретар? – пишува Стариков.
Информацијата која ја изнесува Стариков не е потврдена. Сè уште нема реакција ниту од Алијансата ниту од албанскиот премиер Рама.