Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул денеска ја продолжува својата дводневна посета на Израел и палестинските територии со средби во градот Рамала, објави ДПА.

По вчерашните разговори во Ерусалим, Вадефул планира да отпатува на Западниот Брег, кој е окупиран од Израел, за да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Разговорите ќе се фокусираат на насилството на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег, како и на неодамнешните извештаи дека израелската влада размислува дали да се закани со анексија на делови од Појасот Газа.

фото: ЕПА архива