Уште во текот на мај, епидемијата може да излезе вон контрола. Со олабавување на мерките, Германија ризикува да ги поништи успесите кои досега ги постигна во справување со корона вирусот, предупредува германскиот вирусолог, Кристијан Дросден од германскиот Центар за инфекции и професор на Универзитетот во Берлин.
На почетокот од седмицата, Германија ги отвори продавниците до 800 м2, но тоа го искористија цели трговски центри, кои ги отворија вратите, со оглед на тоа дека некои проданици во нив го исполнуваат условот.
Во ова, Дросден гледа опасна тенеденција, и предупредува дека во текот на мај или најдоцна во текот на јуни, „можеме да се соочиме со ситуација што не ќе можеме да ја контролираме“.
Според него, иако во овој момент Германија важи за држава која мошне успешно се справува со кризата, сега „ризикува да ја загуби таа предност“, предупредувајќи дека е мошне битно Германија да го задржи коефициентот на пренесување на вирусот под 1. Дросден истакнува и еден извештај во кој се вели дека Германија можела целосно да го „пресуши“ вирусот доколку не ги олабавела мерките.
Дросден уште предупредува на евентуалниот втор бран на епидемијата кој може да биде поголем и посмртоносен. Како шример за тоа го посочува шпанскиот грип од 1918 година, кој првично се појавил на одредени емста, преку летото речиси го снемало, меѓудругото и поради карантинските мерки, но останал да тлее под површината. Така се стигнува до вториот бран, кога умираат неколку десетици милиони луѓе, според некои проценки дури 50 милиони, што е многукратно повеќе од жртвите во самата војна од 1914-1918 година.