Германските јавни радиодифузери АРД и ЗДФ денеска соопштија дека продолжуваат да известуваат од Русија, по пауза за испитување на последиците од строгите нови закони за медиуми во Москва.
„Московските дописници на АРД и ЗДФ ќе известуваат за одлуките на руското раководство, но и за реакциите на граѓанското општество, на пример протести против војната, реакциите на руските елити или конкретното влијание на санкциите врз секојдневниот живот на руските граѓани“, се вели во соопштението на радиодифузерите.