Германските власти соопштија дека конфискувале имот вреден 40 милиони евра и милиони евра во кеш за време на истрага поврзана со голема руска шема за перење пари.
Федерални истражители и обвинители од Минхен тврдат дека конфискуваниот недвижен имот се наоѓа во централна и јужна Германија.
Истрагата траела три години против три лица чии имиња не се соопштени.
Околу 6,7 милиони евра биле запленети од германски банки и уште 11,2 милиони евра од банка во Латвија. Според обвинителите, приходите од руската шема за перење пари биле инвестирани во скапи недвижни имоти во Германија.