Швајцарија негира дека разговарала за венецуелските активи на нејзина територија со Хуан Гуаидо, кој се самопрогласи за претседател на Венецуела.

Соопштението на швајцарските власти е по повод изјавата на Гуаидо за каналот Телевисиа дека разговарал за евентуално блокирање на средствата со претседателот на Швајцарија, кој го информирал за забележани „незаконско движења” на сметките на јужноамериканската земја.

Сепак, портпаролот на швајцарското Министерство за надворешни работи изјави за швајцарски медиуми дека информациите се неточни.

-Немаше контакт помеѓу г-дин Гуаидо и претседателот Ули Маурер, нагласи тој.

Гуаидо, кој е парламентарен спикер,  се самопрогаси за претседател на Венецуела на 23 јануари.