Приказната за моштите на свети Јован Крстител соопштена е во пет епизоди.
Горе гледаме две сцени: закопот на свети Јован и сопругата на Ирод која ја полага отсечената глава на светителот.
Во прв план: императорот Јулијан Апостата кој присуствува на извршување на наредбата – палење на коските на свети Јован.
Во втор план се малтешките витези кои пронаоѓаат неколку коски кои под дејство на некое чудо го избегнале палењето (лево) и конечно, пренесување на овие коски во Сен Жан д Арк во 1252 година (десно).
Уметноста на Гертген тот Синт Јанс, кој бил прв гениј на холандската школа, се одликува со посебна чистота на формата и извонредно чувство за простор. Дванаесет одлично дадени ликови на малтешките витези ги претставуваат мецените на Гертген од Харлем. Тоа е веројатно почеток на една типична карактеристика на холандското сликарство: групен портрет.
Зачуваноста на сликата е одлична, колоритот е претежно студен.
(масло на даска, 172х139 см)
Сликата се чува во Уметничкот музеј во Дрезден.
Гертген тот Синт Јанс