Јапонската Кане Танака која со 116 години е најстар жител во светот многу сака да решава задачи по математика и да ја игра јапонската игра „Отело“, објавија од Гинисовата книга на рекорди.

Таа беше прогласена за најстара жена во светот на церемонија во старски дом во градот Фукока во југозападна Јапонија. На настанот присуствуваа роднините на Кане и градоначалникот.

Кане Танака е родена на 2 јануари 1903 година и е седмо дете во семејство со осум деца.

Се омажила за Хидео Танака во 1922 година и имаат четири деца и едно посвоено дете.

Кане вели дека најчесто се буди во 6 часот наутро и учи математика. Претходно, највозрасен човек на планетава беше Јапонката, Чијо Мијако, која почина минатата година на 117-годишна возраст.