Aмбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир , испрати поддршка за Македонија за побрзо отпочнување на пристапните преговори.

Во објава на „Твитер“ , Гир напиша дека македонскиот јазик во преговарачката рамка е без фуснота.

„Се надевам дека целиот процес ќе биде плоден, дека ќе се зацрта патот за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Македонија. Чисто е: одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања“ напиша Гир на Твитер.