Јас ја разбирам фрустрацијата поради непочнувањето на преговорите со вашата земја. Во таква ситуација и во такви околности најдоброто решение и најдобриот пат напред е да можат да се удвојат напорите помеѓу двете земји се со цел да може да се дојде до договор кој ќе биде прифатлив за С. Македонија и Бугарија.
Така одговори Дејвид Гир, амбасадорот на ЕУ, во Тетово на прашање од новинарите кога е можна меѓувладина конференција за почеток на преговорите на ЕУ со земјава.
-Се разбира тоа и го прават С. Македонија и Бугарија, тие се ангажирани цело време на начин да можат да дојдат до взаемно прифатливо решение, взамено прифатлив договор, рече евроамбасадорот.
Порача дека втора работа што треба да ја направи земјава е да продолжи со имплементација и реализација на процесот на реформите.
-Со други зборови тоа би значело Владата да продолжи со имплементација на процесот на реформите. Имплементација токму на тие реформи кои ќе ја приближат земјата до ЕУ и се разбира ќе доведе до крајната цел – полноправно членство во ЕУ, истакна Гир.
Тој потсети дека следниот чекор е усогласување на преговарачката рамка помеѓу сите 27 земји членки на ЕУ, што не се случи при крајот на минатата година поради немање едногласност.