Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето на Олимпијадата во Токио. Србинот претпладнево без поголема мака го победи Германецот Јан-Ленард Штруф со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.
Во второто коло Ѓоковиќ ќе се сретне со Алехандро Давидович Фокина од Шпанија.
Место помеѓу 16-те најдобри досега изборија и Медведев, Фоњини, Карено-Буста, Кепфер, Басилашвили и Зверев.