Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во третото коло на Мастерсот во Синсинати, откако со 2:1 во сетови го совлада францускиот тенисер Адријан Манарино.
Ѓоковиќ иако не играше на препознатливото ниво сепак по два часа и осум минути игра успеа да го победи францускиот тенисер.
Првиот сет со 4:6 му припадна на Манарино, а останатите два со 6:2 и 6:0 ги доби српскиот тенисер.
Ѓоковиќ во борбата за четвртфиналето ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу бугарскиот тенисер Григор Димитров и германскиот тенисер Миша Зверев.