Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на турнирот во Пекинг откако во четвртфиналето го совлада најдобриот тенисер во моментов Германецот Александер Зверев со 2:1 во сетови за 2 часа и 35 минути игра. Ѓоковиќ успеа да направи пресврт и по предноста на ривалот од 1:0 во сетови – 6:4 во гемови, ги доби следните два сета со 6:4 во гемови и воедно мечот со 2:1 во сетови. Притоа ја искористи втората меч топка.
Ѓоковиќ на турнирот во Пекинг има скор со 32 победи во 32 меча.
Утре во полуфиналето ќе игра против Данил Медведев, кој со 2:0 во сетови го доби Франциско Серундоло.
Во второто полуфинале ќе играат Алекс Де Минуар и Хуберт Хуркач.
Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 4,089,385 Американски долари.




