На финалето на Светскиот куп во рагби меѓу Нов Зеланд и Јужна Африка, Новак Ѓоковиќ и Рита Ора седнаа еден до друг.
Поради тоа што се смеела со српскиот тенисер и разговарала со него, познатата пејачка се најде на удар на критики во Албанија.
Тој беше во Париз бидејќи се подготвувал за настап на последниот Мастерс во сезоната, а таа на мечот дојде поради нејзиниот сопруг, режисерот Таика Ваитити, кој е од Нов Зеланд. Ѓоковиќ постојано ја засмеваше Ора, а кога сфатил дека ги снимаат, направил смешна фаца.
Тоа не им се допадна на албанските медиуми, кои сега ја критикуваат, а ова не е прв пат да ја нападнат поради Србија. Неодамна, на фестивалот СИЗН во Унгарија, некој од публиката фрли кон неа српско знаме, кое таа го обви и го носеше низ една песна. Затоа мораше да се правда.
„Синоќа додека настапував на фестивалот SZIN во Унгарија, добив знаме од млад фан. Поради светлината директно во моите очи, не можев јасно да видам која земја го претставува знамето. Штом се симнав на сцената, сфатив дека тоа е српско, а не унгарско знаме“, тврдеше таа.
„Иако ги поддржувам моите обожаватели од сите земји и култури, сакам јасно да кажам дека сум горда косовска Албанка и дека немав намера да го омаловажам моето наследство, ниту да го вознемирувам мојот народ или моето семејство“, додаде таа.