Старото македонско знаме со Сонцето од Кутлеш беше развеано на врвот Ајланд Пик на Хималаите и песната „Едно име имаме“ од експедицијата на струмичанецот Благој Ѓузелов, објави порталот Струмица денес.

Експедицијата составена од 10 алпинисти го заврши својот подвиг кој започна на 12 октомври од плоштадот во Струмица.

Ѓузелов, како што објави порталот, е третиот струмичанец кој се искачил на еден од врвовите на Хималаите, по Серафим Серафимовски во 1989 година и во 2009 година и неговата ќерка Билјана Серафимовска, која на 18-годишна возраст е најмладата од Европа што го освоила врвот Ајланд Пик.

Ѓузелов е искусен планинар, ги освоил сите врвови на планините во Македонија, бил дел од алпинистички експедиции во Франција, Италија, Турција, Иран.

Видеото може да го погледнете ТУКА.