Новак Ѓоковиќ е разочаран по поразот во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.
„Како се чувствуваш“, беше првото прашање што му го поставија новинарите.
„Ужасно. Се чувствувам ужасно“, одговори светскиот рекет број 1.
Во сингл конкуренција, Новак изгуби десет од последните 11 гемови од Зверев(1:6, 6:3, 6:1).
„Тоа е спортот. Тој играше подобро. Морам да му честитам. Сервираше одлично. Играта ми се распадна, застанав, му дадов шанса да нападне. На ова ниво, чувствував и притисок бидејќи настапував за својата земја. Што да правам? Дојдов многу уморен, исцрпен, но имав мотивација и желба да донесам злато дома“, вели Новак.
На прашањето колку време ќе му биде потребно да го преболи поразот, Новак одговори:
„Не знам. Се чувствувам ужасно, но се надевам дека утре ќе бидам подобро и ќе успеам да освојам барем еден медал за својата земја“, истакна Ѓоковиќ.