Премиерлигашот Ливерпул останува заинтересиран за играчот за врска на Борусија Менхенгладбах, Флоријан Нојхаус.

За потписот на 24-годишниот фудбалер, лично е заинтересиран тренерот на „Црвените“ Јирген Клоп.

Сепак, трансферот е тешко остварлив во скоро време. Има доволно централни играчи од средниот ред во Ливерпул во моментов.

Покрај тоа, Нојхаус е прескап за Ливерпул, според „Спорт 1“, Борусија сака да добие 40 милиони евра за Германецот.