Деновиве, идентично како и минатите децении, СДС протежира еден фаличен наратив за некаква „државотворност“ на партијата од Бихаќка, сугерирајќи дека такво нешто немало кај ВМРО-ДПМНЕ. Тоа мината недела во едно интервју го наклапуваше и Фрчко Сениор (татко на Шмрчко Јуниор), новиот стратег на Филипче кој ја продолжи децениската фикција за СДС „државотворните“ потези. Реалноста, за жал, е погубна за автошовинистичката партија која презира се’ што е македонско и обожува и велича се’ што е странско, направија која, верувале или не – за „државотворни“ потези ги смета и велича промената на знамето, погубната приватизација, територијалната поделба, промената на исконското име, промената на уставот и преамбулата, прифаќањето на небулозната двојазичност, потпишувањето на капитулантските договори во Нивици и со Бугарија, како и дилетанското прегрнување на ултра-бугарскиот т.н. француски предлог. Сето она од што вистинските Македонци се срамат…

За постојаноста на нивната антимакедонштина укажува и поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев, кој во „За или против“ со Љупчо Цветановски ја потсети македонската јавност како оваа политичка шклопоција при зародишот на Македонија не сакала да ја пее ни македонската химна, туку само југословенската.

„Така е од самиот почеток, јас ќе го вратам тоа многу, многу назад на самиот почеток на создавањето на македонската држава и обидот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ламбе Арнаудов со Хрватска и Словенија заедно да поднесеме барање за преземање на нашиот суверенитет и тоа раната пролет, далеку пред Референдумот во 91-та, да поднесеме до Обединетите Нации барање за признавање на нашиот суверенитет. Тоа го направија Словенија и Хрватска. За жал, тогашниот предлог на Ламбе Арнаудов и на на ВМРО-ДПМНЕ не беше прифатен од СКС-ПДП (од кои призлегуваат СДСМ) и ние одевме на Референдум на 8-ми септември, по кој што во следниот  јануари тогашната Европска економска заедница ни стави до знаење како треба и со кое име треба да одиме напред за членство кај нив. Кажаа, вие можете да преговарате со Европа ако го исклучите името МАКЕДОНИЈА од вашето име. Така беше тогаш. И во тој период кога ВМРО-ДПМНЕ се бореше за Македонија, за својот суверенитет, за она што претставува меѓународно признавање на Република Македонија, вие имавте ситуација во која кога требаше да се пее македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, нели, пратениците на СДС, тогаш не беше СДС туку СКМ-ПДП – Сојуз на комунистите на Македонија  – Партија за демократска преобразба, тие не сакаа да ја пеат македонската химна! Прво се пееше југословенската химна, која ја пееја. Имаше еден пратеник, мој личен пријател, Митко Атанасовски познат како Митко Врапчето како што го викаа, пратеник кој многу говореше на таа тема, кој ги праша многу отворено: Што ви пречи да ја испеете македонската химна?“ потсетува Ѓорчев на „државотворните“ корени на СДСМ, во која целосно испаѓа вистина фразата „ако по утрото денот се познава“.

„Значи, тоа е почетокот, ако вие дрвото кога ќе го засадите не му дадете доволно вода, доволно не ископате и не му дадете доволно храна за тоа да расте и да се развива вие не можете да очекувате  исто како и подоцна низ потезите коии се случуваа, па и приватизацијата, околу атентатото на Киро Глигоров, аферите со ТАТ и Лавци, штедилниците, сето она што следеше околу Македонија. Јас се враќам на годините кога државата ги трасираше патот кон ЕУ и НАТО, единствена партија која што јасно и недвосмислено беше за тоа, не само декларативно туку и со декларации и настапи секаде, на светските форуми истапуваше и кажуваше дека Македонија треба да е членка на ЕУ и НАТО, тоа беше ВМРО-ДПМНЕ,“ заклучува Ѓорчев, демистифицирајќи го лажниот и изнасилен наратив на СДС за некаква си државотворност на безрбетната партија која отсекогаш се давела во оикофобија, самопрезир и автонегација.