Зоран Заев е најдеструктивниот лик во македонската политика последните 70 години, нема подеструктивен. На тој Зоран Заев граѓаните на Македонија во 2021 година му изгласаа недоверба, му покажаа врата и затоа поднесе оставка, затоа што на локални избори го поразивме 50 спрема 10, 5/1 на тие локални избори, посочи Влатко Ѓорчев.

СДСМ на овие избори ќе доживеат уште поубедлив пораз, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-На овие избори мислам дека ќе биде и поубедливо, мислам дека Заев ќе биде поразен и во Струмица, значи тој Заевизам кој што ништо добро не и донесе на Македонија сега ќе биде поразен и во Скопје , во Струмица и во Прилеп, Пелагонија, Источна Македонија… Низ цела Македонија ќе биде тоа поразено затоа што ниту нуди преспективи, на Македонија и создава проблеми, на Македонија и донесе ислеување и да не заборавиме, Македонија беше земја која што имаше најголема смртност од Ковид во светот, а во тоа време Заев и Филипче се возеа на мотори. Дневно имавме по 50 мртви, по 50 погреби низ цела Македонија, илјадници луѓе преживуваа голгота, со оние Ковид центри, а тие возеа мотори, и тоа ни се случуваше да имаме по 50 мртви и тоа ни се случуваше со месеци, во цел свет имаше смртност, но таа Македонија на Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче имаше најголема смртност во цел свет, истакна Ѓорчев и додаде:

„Тоа се некои работи кои што не се забораваат така лесно, туку долго се паметат, и тој Зоран Заев не доведе до тоа да да за 2 август секој Македонец да чуствува грутка во градите, што ќе рече што славиме Македонија се ништи, доаѓа 11 октомври, што да славиме, тој Зоран Заев го брише АСНОМ. Треба да славиме 8 септември, денот на независноста кога 95% гласаа за независна Македонија, па викаш чекај дали е таа Македонија за која сонувавме, дали е таа Македонија што мечтаевме?! Така да, таа коалиција сега во моментов на СДСМ и ДУИ, еве и Левица ја гледаме ефектуирана низ општините низ Македонија, значи тоа е едно втора шарена револуција во најава, но и тоа и како што е прочитана“, потенцира Ѓорчев во интервјуто со Цветановски.