Главниот противкандидат на Силјановска на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ за избор на претседателски кандидат Влатко Ѓорчев изјави дека изборот бил во фер и демократска процедура и се понуди да помагне во кампањата.
-Делегатите демократски гласаа, целата постапка беше регуларна. Стојам на располагање за кампањата, имаме шанси за добар резултат. Важно е за Македонија да има баланс, навистина е потребно некој да се спротивстави. Гордана Силјановска може да го направи тоа. Ние ќе парираме во парламентот, граѓаните со своите активности. Треба да ги доведеме состојбите во Македонија во нормала, изјави Ѓорчев.