По изборот за претседателски кандидат ан ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова им заблагодари на делегатите за довербата. Рече дека многу добила од Македонија и дека е време да и` врати за тоа.

-Мене ми е јасно дека не може да се оди на избори, а камоли да се победи ако зад вас не застане силна партија, а исто така, некој кој добил доверба од силна партија има обврска постојано да се држи до она што е најважно, односно владеењето на правото не води само во ЕУ, рече Силјановска Давкова во обраќањето по гласањето, негирајќи ги обвинувањата дека е националист.

-Не не сум националист, јас сум за владеење на правото. Законите треба да бидат во рамките на Уставот за да бидат добри. Родена сум во Охрид, во турска куќа, а од 10 години мојот брат има побратим Албанец. Може ли некој кој расте во таква средина да биде националист?, запраша Силјановска.