Влатко Ѓорчев, националниот координатор за демографија на Владата, одговори на неодамнешните коментари поврзани со неговиот анкетен лист за имотната состојба, пријавен во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Во својата реакција, Ѓорчев нагласи дека целиот негов имот има документирано потекло, со сите потребни правни и банкарски докази, и дека нема ништо спорно во врска со неговите имотни трансакции.
Транспарентност за имотната состојба
Ѓорчев појасни дека неговиот имот е предмет на проверка од сите релевантни институции во Македонија во последните седум години, односно од 2017 до 2024 година. Тој рече дека нема нерегуларности во неговите трансакции и дека секој поголем финансиски трансфер бил евидентиран од државните институции, кои редовно следат за потеклото на средствата.
Наследен имот од семејството
Еден од клучните делови во објаснувањето на Ѓорчев е неговото наследство од семејството. Тој детално го опиша имотот кој го наследил од своите предци:
• Земјиште во село Трстеник, Свети Николе: Овие ниви се во сопственост на неговото семејство повеќе од 100 години. Ѓорчев нагласи дека ова е имот од неговите дедо, прадедо и чукун-дедо. Покрај тоа, тој посочи дека се работи за недовршена карабина, која неговиот татко ја изградил пред речиси 30 години, но изградбата била стопирана поради имотно-правни прашања во поширокото семејство.
• Имот во населбата Керамидница, Скопје: Оваа куќа била купена од неговиот дедо околу 1955 година. Имотот сè уште не е поделен меѓу наследниците, поради комплексни семејни прашања, откако дедото на Ѓорчев починал пред 21 година.
• Стан во населбата Аеродром: Купен е пред речиси 30 години со средства кои неговите родители ги заработиле работејќи како доктори во Ирак, за време на војната меѓу Ирак и Иран (1980–1988). Ѓорчев објасни дека родителите одлучиле да му го подарат станот за да се избегне продажба, откако не можеле физички да го поделат имотот по нивниот развод во 2008 година.
Куќа во Бардовци и наследство од сопругата
Ѓорчев исто така ја спомна и куќата во населбата Бардовци, која била купена во 2012 година, со средства од наследството на неговата сопруга. Тој нагласи дека средствата биле предмет на строги банкарски контроли во Канада, САД и Македонија. Во истата година, Ѓорчев подлежал на детална инспекција од Управата за јавни приходи (УЈП) за неговиот имот, која не нашла никакви неправилности. Секој денар од неговото наследство бил документиран и целата процедура била професионално завршена.
Дел од акции и возила
Ѓорчев објасни дека акциите кои ги поседува биле купени легално преку банки, со средства од наследството на неговиот татко, неговата мајка и бабата и дедото на неговата сопруга. Наследството од странство, како што рече, поминало низ легални банкарски процедури во САД и Канада, пред да стигне во Македонија.
Ѓорчев истакна и дека автомобилот Фолксваген, кој е стар 13 години, бил купен како половно возило од родителите на неговата сопруга во 2013 година, бидејќи во тоа време планирале да имаат четири деца. Вториот автомобил, Фиат 500 Х, го наследил од својот татко, а сега е стар 9 години и проценет на околу 8.000 евра.
Јавна улица во Бардовци
Ѓорчев објасни дека формално е „сопственик“ на дел од јавна улица во Бардовци, заедно со уште 19 комшии. Тој нагласи дека тоа е заеднички пат кој го користи целото село и дека земјиштето има вредност од 0 денари, бидејќи на него не може да се гради ништо.
Мојот покоен татко Анѓелко (1948 – 2021) живееше 72 години, од кои работеше 46 години како доктор и професор. Имаше речиси 40 години стаж на клиника, 30 години доцент и универзитетски професор и 6 години со регистрирана работа во приватна болница откако се пензионираше. Вкупно 72 години живот и 46 години работа. Работеше до последниот ден од својот живот. Во 1980-тите години татко ми имаше приходи и повремена работа во болници во Франција (1986 година), како и работа во Ирак (1983 – 1985), заедно со мојата мајка како докторка, во време кога фирми од СФРЈ градеа огромни проекти во странство, кои чинеа милијарди долари. Мојот татко беше во тим на врвни доктори од СФРЈ и имаше храброст да работи во ризична земја во време на голема војна, заедно со сопругата. Имаше висока функција во болницата и тоа значеше дополнителен приход. Во 1990-тите години имаше приходи, предавања и повремени ангажмани во САД, Дубаи, Абу Даби, Кувајт и во поранешна Југославија. Наместо да оди на годишен одмор, тој одеше да работи. Одби поголем број на конкретни понуди да се пресели и трајно да работи во болници во Сан Франциско, Сиетл, Мајами, Лондон, Париз, Лион, Љубљана, Кувајт, Катар, Женева и Цирих. Во текот на целата кариера имаше приходи од предавања и проекти со универзитети, болници и компании од Германија, Швајцарија, Велика Британија итн. Мојата мајка (74) има 35 години работен стаж како анестезиолог, од кои речиси 10 години како анестезиолог – специјалист во хируршки сали во Хрватска.
Акциите се купени по значително помала цена од сегашната, а во меѓувреме акциите имаат раст поради растот на компаниите. Автомобил Фолксваген: Возилото е старо 13 години. Купено е како половно возило. Половното возило Фолксваген е документирано купено од родителите на мојата сопруга во 2013 година, еден месец пред да се роди нашето 3-то дете. Пред купувањето на половниот Фолксваген, во нашето семејство имавме единствено Фиат Пунто, кое го продадов после 16 години користење во 2023 година. Возилото Фолксваген има место за 2 родители и 5 мали седишта позади за децата. Родителите на сопругата ни купија половен Фолксваген затоа што знаеја дека планираме да имаме 4 деца. Моментално вреди околу 8.000 евра. Автомобил Фиат 500 Х: Наследено од мојот татко откако почина. Возилото во моментов е старо 9 години и вреди околу 8.000 евра.
Сумарно: За секој денар од мојот имот имам документирано потекло. Целиот живот сум чесен, без скандали и афери зад себе. Целиот живот го имам поминато во Македонија, со чист образ. Никогаш не сакам од мене да се срамат моите родители, моето семејство и моите деца. Така се однесувам и така живеам. Со почит, Влатко Ѓорчев„