Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев на својот Фејсбук профил објави статус во кој ја пренесува веста на европската телевизија ЕУРОЊУЗ каде ја рангира Македонија како најзагадена земја во Европа.

Еве што напиша Ѓорчев:

-Официјално од Euronews:

Заевистан е најзагадената држава во Европа. Едно време бевме познати по најниски даноци, највисок раст на БДП, компјутери за децата…

Време е зелената партија ДОМ да ја напушти Владата на Заев, пишува тој во неговиот статус.