Придавката “македонски” ќе се користи само во цитатите од записниците, во официјалните заклучоци од средбите, ќе се употребува уставното име на земјава, пренесува Сител, откако претходно објави дека придавката „македонски“ се заменува од формулацијата „…од Република Северна Македонија“.
Високи извори од македонскиот дел од Мешовитата историска комисија брифираат дека и покрај тоа што и двете страни генерално се држат до своите позиции, вчерашната средба покажала дека има желба за напредок. За македонската страна е прифатливо што во дискусиите придавката останува во употреба.
Договор има и за името на самата комисија. Нема да се употребува македонска или бугарска страна на комисијата, а терминологијата е усогласена според официјалниот назив на ова тело – Комисијата на Република Северна Македонија или Комисија на Република Бугарија.
-Името, уставното име ќе се употребува онаму каде што станува збор за комисијата како тело на македонската држава, значи онаму каде што не е употребено во цитат на колегите од македонските колеги каде ние најчесто ја нарекуваме македонска комисија. Ќе биде употребувано како комисија на Република Северна Македонија во согласност со Преспанскиот договор, каде нели пријавата и органите формирани од страна на државата се именуваат како перонија Република Северна Македонија или од Република Серверна Макеоднија, Меѓу тоа ќе повторам во нашите дискусии каде ние користиме македонска комисија, македонски дел од комисијата тоа ќе си остане на тој начин онака како што го кажал дискунтат.
“Беа предложени решенија кои се взаемно прифатливи за двете страни. Продолжува дискусијата по записниците за 10-та средба токму по тие прашања. Во таа смисла, постигнавме договор во согласност со меѓудржавната и меѓусебната пракса. Зборувам за, да речеме, учебници на РСМ, а не за македонски учебници”
Она што и за двете страни сега претставува тема за договор е македонскиот јазик. Дискусијата за тоа како ќе се нарекува во официјалните заклучоци од средбите и натаму останува отворена, но најавите се дека во иднина би се користел терминот официјален јазик на РСМ.
“Во врска со јазикот има јасна формулација која се применува во меѓусебните односи. Станува збор за официјален јазик, македонски јазик според Уставот на РСМ. И не очекувајте од Комисијата да врши некакви промени во однос на тоа. Нашата комисија не е ниту јазична, ниту пак политичка или дипломатска. Таа не се занимава со јазици, туку со историски и образовни прашања”
-Придавката македонски кај колегите од бугарска страна најмногу создава проблем при дефинирањето на македонскиот јазик, иако ние дискутираме во македонскиот јазик придавката таа синтагма македонски јазик повремено се јавува во дискусиите кога треба на пример да транскрибираме некој збор на македонски и бугарски, и при тоа бугарските колеги инсистираат тоа е официјален јазик на Република Макеодонија дека има посебен договор меѓу Македонија и Бугарија се разбира ние инсистираме дека тоа е македонски јазик – Вели Драги Ѓоргиев претседател на македонската страна на Мешовитата комисија.
Решенијата по овие прашања, според двете страни, продолжуваат и во наредниот период. До одржувањето на средбата во полн формат која треба да биде одржана на 25 и 26 февруари, ќе бидат разменувани предлози и идеи по електронски пат, со цел надминување на проблемите во официјалната терминологија, се вели во прилогот на Сител.