Македонскиот копредседател на Мешовитата комисија за историски прашања, Драги Ѓоргиев во вечерашната Топ Тема на Телма, изјави дека не чувствува преголем притисок од Протоколот, затоа што тој е политичка изјава на владите а историчарите ќе си работат како што работеле и до сега, водејќи се од  академските и научни принципи.

Контекстот е поразличен, можеби влогот е поголем, условите се поразлични, создаде протоколот една поларизација во македонското општество и сето тоа ја прави положбата на комисјата поинаква, многу почувствувтелна, под поголем фокус на јавноста ќе биде.Од страна на повеќе бугарски политичари беше, можеби и остро кажано до тогаш да се заврши ова, до тогаш тоа, но тоа е логика на политиката. Тие рокови политичарите ќе ги поставуваат секогаш и тоа е нивна работа, меѓутоа оваа комисија си има своја рутина, свои правила, свои принципи и не секогаш тие принципи се совпаѓаат со оние на политичарите. Ние апсолутно сме одговорни, имаме одговорност пред јавноста, но повторно примарно за нас е нашиот академски интегритет и условите, кои ни дозволуваат до каде можеме да одиме со тоа, а не она што ќе биде наметнато од страна на политиката, изјави Ѓорѓиев.

Во врска со формулацијата за Цар Самуил која беше објавена кај нас, Ѓоргиев трди дека тоа е формулациајта за заедничко чествување а формулацијата за учебниците сѐ уште не е готова.Понекогаш може да се најде решение многу брзо за одреден проблем доколку пристапите бидат малку поинакви, ако се излезе од, би рекол, зачаурени ставови, или обиди да се наметне своето видување на другата страна. Меѓутоа пристапот на наметнување на своите ставови, на своите наративи не овозможува да се постигне лесно резултат и тие резултати што се постигнати, можеби навистина за некои се мали, меѓутоа наративите со кои ние се судруваме се навистина многу различни и затоа резултатите доаѓаат многу бавно. Историјата е жива материја, учебниците исто така, потребни се проветрувања, во било која држава, и без овој конфликт нашите учебници треба да претрпат извесни измени, рече Ѓоргиев.

Копредседателот на комисијата вели дека прашањето за Гоце делчев не било замрзнато, туку едноставно на последните неколку средби имале премногу работа со технички прашања и едноставно немало време.