Како фестивал се оградуваме од овој инцидент, вели Маја Андоновска-Илиевски в име на организаторот на Фестивалот на народни песни и ора Илинденски денови.

Повод за тоа е што при дефилето на фестивалот, учесници од Македонија ја пречкртале придавката северна од името пред Република Македонија.

– Таблите ги предадовме на сите учесници како што треба со официјалното име на државата – С. Македонија, после што е направено не знаеме. Кој и да го направил ова е за осуда и ќе се бара одговорност, вели Андоновска-Илиевски.