Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев не се откажува од ласманот во осминафиналето на Европското првенство и покрај тоа по првите три кола, „црвено-жолтите“ имаат исто толку порази.
Македонските одбојкари против Финска беа блиску до изненадување, со Турција далеку од издание коешто ветува, а против Русите секое очекување беше нереално. Вечер од 20:30 часот ривал нивни ривал ќе биде Белорусија.
– Додека постои математика, јас размислувам за осминафинале. Таков е мојот карактер, сакам да победувам и верувам дека можеме да победиме. Во некои периоди на ова Европско првенство одигравме на ниво коешто е доволно за да славиме против Белорусија. Посакувам да ја повториме таа квалитетна игра и убеден сум дека ако го направиме тоа, можеме да победиме, позитивно е настроен капитенот Ѓорѓиев.
Покрај Белорусија, на Македонија ќе и остане уште средбата од последното коло против домаќинот Словенија.