Организаторот на играта на Вардар, Сташ Скубе се најде во дрим-тимот на првото коло од Лигата на шампионите.

Словенецот имаше значаен придонес во триумфот на „црвено-црните“ во саботата на гостувањето кај Монпелје. Скубе натпреварот го заврши со седум голови.

Дрим-тим за првото коло во ракометната ЛШ:

Лево крило: Диого Бранкињо (Порто)
Лев бек: Никола Билик (Кил)
Среден бек: Сташ Скубе (Вардар)
Десен бек: Мадс Кристијансен (Алборг)
Десно крило: Валентин Јонеа (Спортинг)
Пивот: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Голман: Андреас Волф (Кјелце).