Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, постави клупски рекорд по број на голови во МЛС во текот на сезоната. На натпреварот против Спортинг Канзас Сити (7:2), Швеѓанецот направи хет-трик.

Ибрахимовиќ постигна 26 голови на 25 натпревари. Досегашниот рекорд му припаѓаше на Карлос Руиз, кој во 2002 година 24 пати даде гол за Галакси.

Ибрахимовиќ може да го подобри неговиот рекорд, бидејќи клубот од Лос Анџелес ќетреба да одигра уште четири натпревари во основниот дел од сезоната.