Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо пушти солзи за време на интервјуто за британскиот телевизиски канал ИТВ. Ова се случи по презентирано видео прашање за неговиот покоен татко.

– Никогаш не сум го видел ова видео. Простете ми, рече Роналдо.

На прашањето поради што се вознемири, Португалецот одговори:

– Станав број 1, но тој не го виде тоа. Не виде како ги примам наградите, што сум постигнал. Моето семејство го виде тоа, мајка ми го виде тоа, браќа, дури и мојот најстар син. Но, татко ми не го виде ова, додаде Роналдо.

Таткото на Кристијано Роналдо почина во 2005 година на 52-годишна возраст. Тогаш Кристијано Роналдо имаше 20 години.