Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска во летното издание на „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска има за сите критика, освен за себеси.
-Во моето дејствување повеќе од година и половина откако сум градоначалник, ми е криво што времето го трошам за да говорам во јавноста за нешто друго, освен за проекти. Откако ја имам довербата, секој мој јавен настап секогаш бил поврзан со проект кој го почнуваме, во реализација или завршување. Мене ми е жал поради одредени реакции од Град Скопје се доведовме во ситуација да има некоја тема во која се знае каде е вината и кој ги предизвика сите проблеми, вели Ѓорѓиевски.
Тој додава дека јавноста мора да ја знае вистината.
-Слушнавме од Град Скопје низа небулози, па се создаде паника кај граѓаните. Тие бараа и протести да организираме што ни пишале казна, но јас ги замолив да останат мирни, и да го решиме на дипломатски начин. Другата страна нема интерес, продолжува со навреди и прозивки, за мене е несфатливо… Таква е градоначалничката, не знае да прими критики. Јас подадов рака, таков сум. Знам кога ќе направам грешка и да ја признаам. Арсовска за сите има критика, но нема самокритика. Многу е јасно да има критика за себе, а потоа да се извините и да го решите проблемот, додава Ѓорѓиевски.