Почитувани сограѓани, денеска ја финишираме кампањата од овој втор круг овде во Центар, каде со центарци ќе имаме можност да поразговараме истите оние потешкотии и проблеми со кои се соочуваат, изјави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека оваа кампања била вистинска можност да се сретне со граѓаните не само во Центар и Кисела Вода, туку и со скопјани од сите делови на градот, за подобро да се согледаат проблемите со кои се соочуваат и дека е среќен што „Скопје конечно е будно и спремно за промени“.
-Оваа кампања беше вистинска можност да се сретнам со граѓаните, не само во Центар, не само во Кисела Вода туку со граѓаните од цело наше Скопје, да ги видиме проблемите со кои реално сите живееме години наназад. Проблемите со нефункционалноста на јавните претпријатија, проекти кои повеќе децении чекаат да бидат реализирани, но не само проектите, граѓаните ги очекуваат, но понудивме нов концепт и стратегија со која Скопје заеднички ќе го менуваме наредните четири години. Среќен сум што Скопје конечно е будно, скопјани се спремни за промени, не само за Скопје туку промени токму овде во Центар каде што се наоѓаме, верувам дека јасно и недвосмислено г-динот Лабудовиќ ќе ја добие поддршката од нашите сограѓани, рече Ѓорѓиевси.
-Повикувам на масовна излезеност во недела, на масовна референдумска излезеност, што е можно повеќе граѓани да излезат на гласање. Од понеделник ги засукуваме ракавите и започнуваме со темелни промени на нашиот главен град, порача Ѓорѓиевски.




