Орце ЃОРЃИЕВСКИ

Зоран Заев и неговите блиски соработници ја исцицаа државата!
Додека народот тоне во сиромаштија и не знае како ќе преживее до утрешниот ден, Заев и неговите функционери си делат милионски тендери.
Општина Струмица и фирмата „ДИКОР ЦД“ ДООЕЛ – Струмица се слика и прилика како Заев работи на државно ниво и аларм зошто на овие избори мора да го запреме да ја ограбува Македонија.
Фирмата „ДИКОР“ само од општина Струмица има добиено преку милион евра.
Не еден, два или три тендери, туку 70-тина тендери тешки над милион евра.
Па и од Заев ако е, многу е.
Инаку фирмата Дикор е семејна фирма на Цветанка Иванова, актуелен генерален секретар на Собранието и омилена пратеничка на Зоран Заев.
Фирмата Дикор во моментов е во сопственост на нејзиниот син Зоран Иванов, а претходно била во сопственост на нејзиниот сопруг Димчо.
За Фирмата Дикор нема ни корона криза, ни економска криза.
На 28 април си добива скоро 11 милиони денари од Општина Струмица. Пред тоа, во февруари добива уште 5 милиони.
Само од октомври до април година, семејната фирма на Иванова со општина Струмица склучува договори тешки половина милион евра.
Претходно, кога фирмата ја води сопругот на Иванова, со општината склучува 64 договори од кои 59 се во четири очи, односно без воопшто да се распише јавен повик.
Еве вака се трошат народните пари.
Сепак, тука не завршуваат бизнис релациите меѓу Иванови и Заеви. Синот на Цветанка, Зоран Иванов заедно со Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев ја основаат фирмата Омни Градба.

Антикорупциската комисија од декември минатата година молчи за доделените тендери за чистење снег на фирмите на генералниот секретар на македонското собрание, Цветанка Иванова.
Ова е животот кој што го ветуваа и донесоа. Од обични административци, соработниците на Заев станаа милионери со доделување набавки без тендери на семејните фирми.
Ова мора да го запреме на 15 јули. Јасно е дека тие можат да крадат уште повеќе, но ние мора масовно да излеземе и да не им го дозволиме тоа.
СДСМ и Заев покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази.

Да ставиме крај на виткањето кичма!