Орце ЃОРЃИЕВСКИ

„Криминалец размислува криминално. Се крие и се надева дека ако никој не го види нема да остане трага.

Како што го почна мандатот, така и го завршува. Започна со манипулации и фабрикувани случаи на откриени бланко обрасци за лични документи, а сега завршува со шверцерско делење на решенија на 30 декември, доцна во ноќта. Да беше се чисто, со искрена намера и законски, тоа ќе го направеше многу порано и транспарентно, а не вака на три дена пред заминување.
Вечерва во МВР на големо се “штанцаат” решенија. Дури се говори дека дел од нив не се изготвуваат ниту во правната служба, туку се носат од “надвор.”

Стотина полициски службеници и поранешни вработени во УБК се повикуваат по полициски станици за да си ги подигнуваат новите решенија. Последна пресметка на Оливер Спасовски со професионалците кои одбиваа да ги реализираат политичките нарачки и да замижуваат пред криминалот штитејќи ги бандитите кои соработуваа со СДСМ.

Како што лагата со бланко документите траеше неколку недели додека не се јави германската компанија со реакција, така и последнава измама со систематизацијата ќе трае до 12 април. Разликата е што за тогашната лага немаше истрага откако ве повлекоа за уши, но за овие разместувања и за обидот да ја минирате работата на техничкиот министер истрага и одговорност ќе има после изборите.
Од законот и правдата нема бегање!!!

Оливер, денес им се заблагодари на твоите соработници што те трпеле, но најголемата цена од твојата неспособност ја платија граѓаните. Нивната безбедност беше нарушена и секој ден гледаа како криминалци им ги преземаат градовите. Затоа граѓаните нема да ти простат, како што нема да ти простат ниту вработените во МВР за ова понижување кое им го приредуваш.

Обновата доаѓа, а овие измами ќе ви се вратат уште пожестоко.“