Како што сакаат чист дом, скопјани сакаат и чист град. И скопски, а и човечки е градоначалникот тоа да им го овозможи, објави кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
-Успехот е резултат на голем број мали победи. Кога се сака, сѐ се може! Скопје ќе биде среден град со многу паркови и зеленило, кое редовно ќе се одржува. Чисто, со нови возила за хигиена, ѓубрето редовно ќе се собира, а депониите ќе се исчистат. Проблемот со притисокот на водата ќе биде решен, вели тој.
Ѓорѓиевски порача дека плоштадите, улиците и булеварите ќе се чисти, а ќе се изградат и нови.
-По нив ќе се возат нови автобуси! Вашата доверба е моја голема обврска. Да обезбедам достоинствен живот во секое маало, за секој човек. Скопје го правиме заедно. По скопски, порача тој.