Владата предводена од Зоран Заев изминативе години, не водејќи сметка за државата и македонскиот народ се истрча со добра волја пред соседите за решавање на прашања кои не се од нејзина надлежност.
Надлежност на Владата не е да ја утврдува посебноста на македонскиот народ или јазик, ниту пак некој може да се договори или преговара за тоа, ниту некому да го наметне таквото мислење. Ваков вид на политика е познат во историјата на македонскиот народ каде борбата за асимилација и поништување се води од почетокот на 19 век, од туѓи влади и пропаганди.
Владата на Македонија за жал со пристапот кој го направи ги направи нашите преговарачките позиции порозни и се доведе во позиција да преговара за континуитетот на постоење на македонскиот народ. Со тоа Владата си го порази народот кој самата вика дека го предводи.
Апсурдите на барањата на Бугарија се несфатливи за никого ниту за европските политичари ниту за дел од самото бугарско општество, барањата се прифатливи само за луѓето во Владата.
Затоа сакам на Владата да и го освежам помнењето со дел од манифестот на првото заседание на АСНОМ 2 август 1944 година: “Македонски народе, овие историски печалби не се ни случајни ни аризани, тие се плод од реките крв и од купишта коски посејани од едниот до другиот крај на Македонија…. Единствено средство кое не можеше да ти биде ограбено беше борбата. Таја остана најсилното оружје во твоите раце и ти помогна да не бидеш избришан како народ.”
Водејќи се од поуките и начелата во минатото, а имајќи го во предвид комплексниот феномен кој се однесува да се докажува постоење на еден или друг идентитет, Владата не треба ниту да помисли да го загрозува и докажува нашето постоење. Неспособната Влада не се посвети на вистинските реформи во државата, не ја подобри економијата, здравството, образованието, не направи ништо за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, далеку заостана со реформите во правосудството затоа и се отвори тема идентитет.
Владата, договорите, срамот, народот и државата!
Владата предводена од Зоран Заев изминативе години, не водејќи сметка…
Posted by Ѓорѓија Сајкоски on Thursday, November 12, 2020