Премиерот Зоран Заев и честиташе на македонската фудбалска репрезентација за победата во мечот со Грузија, со која се пласираше на европско првенство.

-Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе! ?????? #EURO2020, напиша премиерот Заев на својот фејсбук-профил.

Фудбалската репрезентација на Македонија влезе во Европа, а на политичката тешко и оди. И, за жал, изгледа политичарите ќе почекаат уште долго датум, а фудбалерите веќе добија.