Претседателот на Црна Гора за време на неговата прва официјална посета на седиштето на НАТО во Брисел по неговиот реизбор изјави дека позицијата на Подгорица кон Русија е јасна и недвосмислена.
– Нема вртење кон Русија, тоа е тенденциозна шпекулација во однос на државната политика, изјави Ѓукановиќ на пресот со генералниот секретар на НАТО.
– Загрозувањето на интегритетот на Украина и други постапки како што видовме во Црна Гора за време на изборниот процес во 2016 се неприфатливи и треба да се осудат. Му припаѓаме на европскиот систем на вредности и ќе го браниме тој систем. Повик да излеземе од атмосферата на меѓусебно казнување поради реалноста. Русија е наш сосед, а ние мораме да научиме да живееме со разлики кои нема да не загрозуваат, изјави црногорскиот претседател.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, порача дека дијалогот е особено важен во критичните мигови.
– Русија е тука да остане и ние не целиме кон изолација на Русија, сакаме подобри односи со Русија, важно е да имаме дијалог, и кога има недорзбирања или инциденти да се осигураме дека нема да излезат од контрола. Кога односите се тешки особено е важно да имаме дијалог со Русија, тоа и го слушнав од Црна Гора, тие бараат подобар однос со Русија и се јасни дека треба да се штитиме меѓусебно, изјави Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање.