Никола ЃУРЃАЈ од Хелсинки

Историски ден за Македонците во Република Албанија: Резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, усвоена едногласно од Федералната унија на европските националности
Федералната унија на европските националности (ФУЕН) едногласно ја усвои резолуцијата поднесена од Македонското друштво “Илинден“-Тирана.
Резолуцијата бара:
1.Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици.
2.Да се преземат ефективни мерки за заштита на македонскиот идентитет од негирање и асимилација.
3.Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата административно-територијална реформа.
4.Општина Пустец да се преименува во Општина Преспа.
Резолуцијата ќе биде доставена до албанските и меѓународните институции.
Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и права на Македонците во Република Албанија.