Претседателот на македонско друштво „Илинден” – Тирана, Никола Ѓурѓај, се сретна со ученици Македонци по потекло од Голо Брдо, кои се школуваат во Охрид.
На средбата е разговарано за проблемите со кои се соочуват во текот на учењето, за тоа како ги совладуваат наставните единици во училиштата, но и како се интегрираат меѓу врсниците во Охрид.
Тој вели дека децата по потекло од Голо Брдо во се поголем број средното образованието го продолжуваат во матичната земја, пред се во Охрид, но додава дека целта е тој број да биде уште поголем.
-Наша цел е што поголем број деца од Голо Брдо да го продолжат образованието во нивната матична земја и да бидат иден квалитетен кадар за Македонците во Албанија. Проблем со јазикот немаат бидејќи мајчин им е македонскиот, иако се уште основното го завршуваат на албански јазик. Се надеваме дека албанските власти ќе го прифатат нашето барање па децата да почнат да следат настава на македонски, како што било порано, изјави Ѓурѓај за МИА.
Дел од Македончњата од Голо Брдо по завршувањето на средното обрзование во Охрид се запишуваат на факултетите во овој град, а други во Битола, Штип, Прилеп и Скопје.