Гувернерот на руската област Белгород, Вјечеслав Гладков денеска изјави дека градот Валујки по нападите од украинските сили останал без напојување со електрична енергија.
Гладков истакна дека во градот имало повеќе експлозии, при што еден цивил загинал, а двајца се повредени.
Русија повеќе пати досега ја обвинуваше Украина за напади врз населени места во белогородската област.
Областа Белгород е лоцирана во близина на границата со Украина, од каде се испраќаат руските војници на украинска територија.