Кит во серијата го играше ликот на Џон Сноу .

,,Кит се реши да ја искористи паузата во својот деловен распоред за можност некое време да се повлече и да поработи на решавање на некои лични проблеми.”, се наведува во соопштението од неговиот портапрол.

Токму поради улогата на Сноу , кој во последната епизода беше најголемото изненадување, Харингтон се стекна со слава.

Според американските медиуми причината за ,,паузата” е тоа што крајот на серијалот тешко му паднал на Харингтон и рехабилитацијата е поради стрес , исцрпеност и проблеми со алкохол. Тој самиот во последното интервју рече дека му е многу тешко да се справи со славата и застрашувачкото внимание што му го донесе серијалот.

Последната епизода на ,,Игра на троновите” во САД беше емитувана на 19. мај и привлече рекордни 19,3 милиони гледачи.