Силни реакции во политичките табори и кај обичните граѓани предизвикаа фотографиите кои молскваично се проширија по социјалните мрежи на кои глвен лик е италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини.
На една фотографија поставена на Твитер се гледа Салвини развеселен на богата трпеза и со пијалоци како слави заедно со 260 гости на денот на трагедијата во Ѓенова. Во моментот кога траела спасувачката операција Салвини бил на прослава на партијата во провинцијата Месина. Свечената вечера ја организирала неговата партија Лига, на која била целата партиска елита.
Еден Твитерџија напишал: Чаши со вино, порции со риби. Вистинска алтернатива за 15. август на министерот“. Снимена е и тортата на која е истакнато „Победнички тим“.
Бран индигнираност се прошири во коментарите на социјалните мрежи. А што одговори Салвини? „Напад од левичарски чакали“!