Воената парада која американскиот претседател Доналд Трамп ја планираше за 10 ноември годинава е одложена. Таа најверојатно ќе се одржи во 2019, соопшти Пентагон. Парадата беше во план со законот за финансирање на одбраната кој пред неколку дена го потпиша Трамп.

.„Министерството за одбрана и Белата куќа ја планираа парадата во чест на американските ветерани од војните и за да се одбележи 100-годишнината од Првата светска војна“, соопшти полковникот Роб Манинг лиферувано од портпаролот на ЀПентагон.

 Во него се наведува дека иницијално се планирало настанот да биде одржан на 10 ноември годинава, но сега е постигнат договор да се истражат можностите за 2019, се додва во соопштението.

Воодушевен од парадата за Денот на Бастилја, Трамп лани изјави: „Сакам парада како француската“.

Според проценките на Белата куќа, за да се покаже воената моќ ќе треба да се издвојат меѓу 10 и 30 милиони евра, а од Пентагон наведуваат дека тоа ќе бидат доволно пари да се извади на јаве целата воена американска моќ.

Меѓутоа, Ројтерс цитира неименувани извори кои велат дека воената парада ќе чини 92 милиони долари.

Од друга страна, планираната парада беше жестоко криткувана од неговоите протовници кои рекоа дека таа е трошаџиска, непотребна и авторитарна.