Само напред, се уништете, без закони и прописи, иронично порачаа денеска екологистите од граѓанската асоцијација Го сакам Водно, преку нивниот профил на Фејсбук.
– Она од што најмногу стравувавме, рестартирање на градбата и сеча на шумата на Водно, се случи! Уништена е шумата на потегот Бел камен – Бункери. Без најава! Без решение за измени во текот на градбата! Немаме информации дали Град Скопје издал ново решение за сеча, сегашното, кое е крајно дубиозно, важи до в петок 1 март. Ако издаде, заедно со МЕР се директни учесници во овој дрзок и криминален чин. Се гледаме утре, гласи пораката на Фејсбук.
Здружението Го сакам Водно, во повеќе наврати досега, реагираше на сечата на шума на Водно поради изградба на гасоводот од Скопје кон Тетово и Гостивар.